Европската Унија не одреди датум за отворање на поглавјата за Албанија. Тоа се случи, по се изгледа, од две причини – интервенцијата на Грција во досието „Белери“, но и политичката ситуација во земјата, јави Ора њуз, објавувајќи и копие од документот.
Советот потсетува дека политичкиот, инклузивен и конструктивен дијалог во земјата останува суштински за унапредување на усвојувањето на реформите поврзани со ЕУ, стои во заклучоците на Советот на министри на ЕУ.
Според eruronews.al во заклучоците на Советот на министри на ЕУ се нагласува дека: „Советот со нетрпение очекува да ги преземе следните чекори во пристапниот процес на Албанија и отворањето на првата преговарачка група што е можно поскоро“, но без да ги наведе причините за одложување на отворањето на преговорите.
Советот позитивно ги нотира конкретните резултати постигнати со специјалните структури против корупција и организиран криминал и континуираната добра соработка со агенциите за спроведување на законот и земјите-членки на ЕУ.
Мора да продолжат напорите да се создаде солидна историја во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Потребна е и зголемена соработка во истрагите, вклучително и Европската канцеларија за борба против измами, се наведува во соопштението.
Советот ја повикува Албанија да продолжи со напорите за понатамошно зајакнување на заштитата на основните права, слободата на медиумите и слободата на изразување, како и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата. Советот охрабрува спроведување на сеопфатна реформа на земјишниот сектор и консолидација на правата на сопственост на транспарентен начин, вклучително и одржување на консултации со сите релевантни чинители, вклучително и решавање на случаи на фалсификување документи и забрзување на процесот за регистрација и компензација.
Comments are closed for this post.