Европската унија ги продолжи санкциите за 44 компании и 155 поединци поврзани со Русија. Образложението за мерките превземени против овие лица и компании е дека ја поткопуваат независноста на Украина и ги поддржуваат сепаратистичките движења на истокот на оваа земја.
Наша проценка е дека состојбата не дозволува менување на режимот на санкции, соопшти Европскиот совет.
Санкциите беа воведени во март 2014 година, откако полуостротов Крим влезе во состав на Русија. ЕУ оттогаш ги продолжува овие санкции на секои шест месеци.
Comments are closed for this post.