Полска ќе се спротивстави на какви било санкции на Европската унија против Унгарија, која Европскиот парламент ги изгласа во средата против државата поради постојаните повреди на демократските права и основните европски вредности.

Секоја земја има суверено право да ги прави реформите кои смета дека се потребни. Акции против земји членки служат само за дополнително продлабочување на поделбите во ЕУ и зголемување на недовербата на граѓаните во институциите, порача полското Министерство.

Гласање во Советот на Европа

Европскиот парламент во средата во Стразбур, со 449 гласа за, 197 против и 48 воздржани, гласаа за да започне процесот на казната предвидена во член 7 од Договорот за ЕУ, односно за суспензија на правото на глас на земјата во Европскиот совет поради нарушување на владеењето на правото, контрола врз медиумите, корупција и прекршување на европските стандарди и вредности.

За да се активира членот 7 и да се суспендира правото на глас на земја членка во Европскиот совет, освен двотретинско мнозинство во Европскиот парламент, потребна е и едногласна поддршка од сите останати земји членки на ЕУ.