Грчката влада најавува зголемување на туристичките даноци и очекуваниот приход од 600 милиони евра да ги насочи кон фондот за санација на штетите предизвикани од климатските промени, изјави премиерот Киријакос Мицотакис.
Туристичката такса за најевтините ноќевања во апартмани, наместо досегашните 0,5 евра за ноќевање, следната година ќе изнесува 1,5 евро, а данокот за ноќевања во хотелите со пет ѕвезди ќе се зголеми од четири на десет евра за ноќ.
НОВИ ИЗНОСИ НА ТУРИСТИЧКИ ТАКСИ
1,5 евра дневно за соби за издавање
3 евра за хотели со три ѕвезди
7 евра за хотели со четири ѕвезди
10 евра за хотели со пет ѕвезди
Така, за апартмански соби таксата наместо 0,5 евра ќе се зголеми на 1,5 евра дневно. Тоа значи дека за 10-дневен одмор во Грција четиричлено семејство наместо досегашните 5 евра ќе треба да плати 15 евра само за туристичка такса за престој под наем.
Comments are closed for this post.