Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон е назначен за нов шеф на дипломатијата. Ова е изненадување ако се знае дека речиси и се имаше откажано од политиката.

Камерон важи за пријател на Македонија.Често доаѓаше во земјата и е пријател со познат македонски бизнисмен. Во секоја прилика тој го користеше уставното име на Македонија наместо референцата ФИРОМ.

Негова сопруга е дизајнерката Саманта Камерон. Таа пред шест години беше на удар бидејќи ја користелаМакедонија за евтина работна сила за производство  на луксузна облека на нејзиниот бренд „Ceffin“.

Фабрика во Македонија шиела облека за госпоѓа Камерон а работничките биле платени мизерно иако една блуза со етикета од овој бренд на британскиот пазар се продава по цена од 110 фунти.