Вистина е дека правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје е нај стариот правен факултет и како таков имаме повеќе децениска традиција на развој на правната мисла. Од нашиот организам, практично, е излезен целокупниот правосуден систем и еден огромен број на исклучителни инетелектуалци и индивидуи, државо темелители на современата македонска држава, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и професорка на правниот факултет, Иванка Василевска од дебатата за Македонија насловена „Важно е да имаме квалитетно образование“ во општина Пробиштип во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“
„Каде заостанавме или како се случи во моментов да не нема на мапата на академската регионална и светска мрежа има неколку клучни фактори од кои примарен е нискиот степен на вреднување на академските работници. Кога би биле во нормален систем, еден редовен професор на правниот факултет би земал еквивалентна плата на врховен судија, а не на помошно техничко лице во АЕК, на пример. Но не е тоа клучниот проблем, клучниот проблем е во недоволното разбирање за тоа што значеше евроинтегративниот процес и фаќањето на терк со новите текови на европско и на светско ниво, при што кредит трансфер системот не беше имплементиран во целост како во европските земји“, рече Василевска
Таа укажа на уште еден сегмент кој што е голем проблем во високото образование а тоа е и големиот број на правни факултети, така што во Македонија во моментов имаме 33 правни факултети, при што сериозно треба да се запрашаме каде сме тргнале во овој дел и затоа, не може квалитетот да го наваса квантитетот.
„Доколку вие имате ваква нелојална конкуренција каде што имате навистина преобемен број, еве зборувам само во доменот на правни факултети, ако земеме на 180 илјади по глава на жител, со толку факултети, кажете ми што ќе победи квалитетот или квантитетот? Во македонската реалност работите стојат вака: Ако не положам кај Историја на право кај Иванка и прв пат, и втор пат, можеби и трет пат, нема да се запрашам дали јас сум научил или не, туку тато и мама ќе земат кредит и ќе платат на приватен универзитет правен факултет и екстра експресно брза диплома во рацете и потребен ви е само памет избор на партија која што е на власт, која што ќе ве лансира во институциите на системот. И за тоа моите најдобри студенти се на Харвард, во Оксфорд, во Европската комисија во Брисел, во Париз и во Виена, затоа што не можат да се изборат со овие кои одлучиле или го нашле начинот да го изиграат системот“ истакна Василевска.
Сметам и длабоко сум убедена, рече Василевска, дека нашите следни чекори треба да бидат во насока на рационализација на Законот за високо образование, но не по мерка на тесно партиски структури како што е до сега и не по мерка на интересовни групи.
„
Во секоја нормална држава треба да се гледа демографскиот раст на населението, реалните потреби на пазарот на трудот, во период на евроинтеграциски процес треба да се создаваат наставни програми кои што ќе бидат навистина во корелација со потребите на пазарот на трудот“ посочи Василевска.
Таа додаде дека од збирот на идеи од дискусиите кои што го има со колегите професори изминатиов период, тие се движат во насоката, во идната влада на ВМРО-ДПМНЕ да се води сметка и да се остави простор, како во целиот цивилизиран свет, професорите да можат да предаваат до 70 години, бидејќи тоа е професија која што не изумира не завршува со старосна пензија и да се води сметка на достојното плаќање на професорите и наставниот кадар.
Comments are closed for this post.