Се наближува Самитот на ОБСЕ на кој Македонија е домаќин. Ќе дојдат високи гости, министри за надворешни работи и нивни делегации. Самитот ќе се одржи на 30 ноември и први декември во Арената „Борис Трајковски“.
За удобен превоз на делегациите од салата до хотелот а потоа и на аеродром, МНР ја ангажираше рент а кар агенцијата „АБЦ рент а кар турс“ ДООЕЛ Скопје која треба да обезбеди 175 возила. За услугата, според договорот МНР ќе и плати 960.000 евра.
Кога ќе погледне интернет страницата на „АБЦ рент а кар“ може да се забележи дека имаат голем избор на средни и лукузни возила. Агенцијата има и ценовник па така може да се направи споредба.
Па така, доколку МНР одлучи да ги изнајми најскапите возила од понудата а тоа е Audi A4 automatic allroad quattro TDI чини 308 евра за ден.
Самитот трае два дена но е еве нека бидат на раслолагање и четири дена.Тоа е 1232 евра. Простата математика вели дека за 175 возила ќе се потрошат 215.600 евра што е голема разлика од 960.000 на колку што е потпишан договорот.
Згора на тоа во понудата на агенцијата има и солидни возила како Фолцваген Пасат чие изнајвување чини 150 евра од ден и со тоа сумата која ќе се потроши би била далеку помала.
Comments are closed for this post.