Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Александар Николоски се сретнаа во Будимпешта со претседателот на ФИДЕШ и премиер на Унгарија Виктор Орбан,
Како што објави Мицкоски, на средбата биле констатирани одличните и пријателски односи меѓу двете партии, и стратешките цели на Македонија.
Се заблагодаривме на поддршката од Унгарија на Македонија посочувајќи дека тоа е доказ за вистинско пријателство, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи имајќи го во предвид фактот дека Унгарија наредната година го презема претседателствувањето со Европската Унија.
Воедно на средбата беше направен пресек на соработката и работата на двете партии во насока на размена на искуствата кои се користат при изработка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за наредните избори. Воедно беше разговарано за идни проекти и планови за развој кои би се реализирале веднаш по промената на власта во Македонија-објави Мицкоски.
Comments are closed for this post.