Во написот под наслов „За актуелната состојба во изградбата на станови“ се наведува дека една од главните причини за кризата е зголемувањето на каматните стапки од страна на Европската централна банка (ЕЦБ), што ги зголемило трошоците за изградба.
Поскапувањето на енергенсите и недостигот на материјали дополнително ги зголемиле вкупните цени на градежните работи, а се повеќе се зборува за недостиг на нарачки. Германската станбена индустрија цветаше пред почетокот на пандемијата поради ниските каматни стапки и акутната потреба за домување во големите германски метрополи.
Неколку години подоцна, бројот на дозволи за изградба на нови станбени единици во првата половина на 2023 година падна за 27,2 отсто во однос на истиот период лани, а индексот на деловното расположение во оваа гранка од индустријата падна на -54,8 поени. во септември.што е најниско од почетокот на мерењето.
„Многу проекти веќе не се економски исплатливи поради високите каматни стапки и зголемените трошоци за изградба. Доколку сега не се започне со изградба на станови, тие ќе исчезнат од пазарот за две години“, коментира шефот на истражувањето на IFO, Клаус Волрабе.
Проектите за домување се одложуваат, откажуваат или дури пропаѓаат во фазата на планирање. На краток рок нема подобрување, а на среден рок особено е важно како ќе се развиваат референтните каматни стапки, се заклучува во анализата
Comments are closed for this post.