На донаторот на ДУИ му тргна: Фатија уште еден милионски тендер

19.09.2023 / 14:00


Градежната фирма „Еуровија ДООЕЛ Желино“ e избрана на уште еден милионски тендер, овојпат за „Регулација на дел од ободен канал во н.м Арачиново, општина Арачиново“, услуга која ќе ја чини државата 1.038.833 евра.

Понуда на тендерот на Министерството за животна средина и просторно планирање дале и фирмите „Вардарградба“ од Трубарево и „Ленди груп“ од Скопје, но сепак одлуката паднала на донаторот на ДУИ.

Оваа компанија, меѓудругото, е ангажирана за 1,8 милиони евра да го преуреди просторот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ за настан на ОБСЕ и потребите на МНР, за околу 4 милиони евра ја гради полициската станица Аеродром преку тендерот на МВР, а ангажирани се и за расчистување на автопатиштата. Избрана е и за подизведувач во изградбата на коридорите 8 и 10д од страна на американско – турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, со кого владата пред околу 6 месеци потпиша договор вреден над милијарда и 300 милиони евра.

Еуровија стана позната во јавноста и како фирма која лани била најголем донатор на политичката партија ДУИ, додека извршувала јавни работи за државата, што пак е спротивно на законот за финансирање на политички партии.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Ахмети имал инфорации дека ќе му се суди на УЧК во Хаг

пред 12 часа
Македонија

СДСМ и Филипче со години ги криеле анализите за загадена вода

пред 22 часа
Македонија

Mицкоски го потести Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо

пред 2 дена
Македонија

Министерот Kлековски не сака да дава прогнози кога Гостивар ќе добие питка вода

пред 2 дена
Македонија

Aко Артана се викаше Биљана Албанците сигурно ќе излезеа на улица

пред 2 дена
Македонија

Мери Дика Георгиевска е нов уставен судија

пред 3 дена
Македонија

Mицкоски за Гостивар:  Очекувам Обвинителството да почне постапка за проверка на 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година

пред 3 дена
Македонија

Вардар испадна од Европа во сезона на годишни одмори

пред 3 дена
Македонија

„ 5 минути со Чавез“: Ако водата во Гостивар беше двојазична, Албанците гарант ќе излезеа на протест

пред 3 дена
Македонија

 Обезбедени над 10 милиони евра за откуп на оризова арпа и „вранец“

пред 3 дена
Jojobet GirişJojobetHoliganbet girişHoliganbetHoliganbetGrandpashabetGrandpashabethttps://gunprodeals.com/JojobetJojobetJojobetMadridbetMadridbetMadridbetJojobetjojobetcratosroyalbetbetgarantigrandpashabetiptv satın albetciocasibomHoliganbetAnkara escortjojobetgrandpashabetAnkara escort