Мајката и таткото на момчето коe уби девет врсници и училишен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград смислиле план да го извлечат синот од здравствената установа каде што е сместен и да го префрлат во странство, дознава „Курир.рс“
Против мајката на момчето убиец во тек е предистражна постапка, со цел да се утврди дали во нејзините дејствија имало елементи на занемарување и злоупотреба на детето.
-Таткото и мајката смислиле план да го посетат нотар во притвор, за да потпишат полномошно неговата сопруга да располага со имотот и да и даде овластување да го изнесе детето надвор од државата. Овој нивен план бил спречен во последен момент,
Нотарската изјава им била важна на родителите бидејќи за малолетно дете да ја напушти државата неопходна е согласност од двајцата родители.
Maјката на Коста пред неколку дена беше вратена при обид да влезе во Македонија
Comments are closed for this post.