Мајката на момчето (13) кое е одговорно за масакрот во ОУ „Владислав Рубникар“, се обидела да ја помине границата преку преминот Прохор Пчињски, но веднаш била спречена и вратена назад.
Мајката на момчето и нејзината ќерка се вратени од граничниот премин бидејќи истрагата против мајката е во тек, а целиот имот им е привремено блокиран. Исто така, со неа е извршен разговор по застанувањето на граница – соопшти српската полиција.
Полицијата не била информирана за нејзиното заминување од државата и затоа била вратена од граничниот премин.
Министерството за внатрешни работи ќе побара и да и се изрече забрана за напуштање на територијата на Србија или градот Белград.
На мајката не и е забрането да ја напушта земјата на живеење, но против неа се води истрага и таа мора постојано да биде достапна на истражните органи.
Comments are closed for this post.