Рускиот претседател Владимир Путин, во своето вонредно телевизиско обраќање, изјави дека некои Руси се „измамени во криминална авантура“, без конкретно да ги спомене борците на Вагнер, кои се побунија.

Путин вели дека иднината на Русија е загрозена, опишувајќи ги акциите на бунтовниците како „удар во грб“, пренесува Би-Би-Си.

 

Вонредното обраќање на Путин доаѓа откако ескалираше судирот на руските воени власти со шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин.

Тој повика за бунт против руската војска, иако негираше дека се обидува да изврши воен удар.

Без конкретно да го спомене Пригожин, Путин вели дека високите „амбиции“ на некои довеле до „велепредавство“.

Рускиот претседател најави „неизбежна казна“ за оние кои го делат руското општество.

Путин рече дека во главниот град Москва и во неколку други региони сега е на сила антитерористичкиот режим.