Премиерот Димитар Коавчевски и на вчерашната лидерска средба се обиде да продава магла. Овојпат со најавата дека до крајот на јуни ќе стигне политичка одлука на една од највлијателните земји-членки на ЕУ.
-Една голема европска земја, една од најголемите, членка на ЕУ, ќе донесе резолуција со која се потврдува дека се препознава и признава недвосмислено македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската култура, кои сметаат дека ќе го збогати европскиот идентитет. Тоа ќе биде направено од страна на нивниот Парламент, како врвно законодавно тело во оваа држава, изјави вчера Ковачевски, но не наведувајќи за која држава станува збор.
Ваквата најава на премиерот, што и претходно во неколку наврати беше споменато и од него и од вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, не е во функција на олеснување на носењето на уставните промени.
Напротив, тоа е обид за залажување на мнозинството граѓани, пред се етнички Маакедонци, кои со 80% се против вметнувањето на Бугарите во Уставот во услови кога официјална Софија тоа го наметна како услов и уцена за конечно отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ.
Носењето ваков документ нема никакво значење за успешно завршување на процесот на уставни промени, па токму и сите останати земји-членки да донесат вакви резолуции.
Зашто, суштината е во менувањето на преговарачката рамка, а тоа за власта во моментов изгледа невозможна мисија.
И не се ни обидува да стори нешто повеќе, сметајќи дека преговарачката рамка е Библија. Но, примерот на Србија и Косово кажува нешто сосема друго. ЕУ и САД објавија дека тоа што го договорија Албин Курти и Александар Вучиќ во Охрид ќе биде додадено во преговарачката рамка за Србија. Значи, ако се сака, се се може.
Но, очигледно на Ковачевски му е најлесно да се предава и да крева раменици, а така не се стигнува до национален консензус. Од усвојувањето на т.н. француски, односно целосно бугарски предлог минаа цели 11 месеци, а власта за овој период не успеа да ги разубеди ни граѓаните, ни опозицијата во исправноста на својот потег, што повеќе од сигурно значи дека нешто големо навистина погрешила.
Comments are closed for this post.