Според најновата теренска анкета на американскиот Национален демократски институт, доколку утре има избори во Македонија за ВМРО-ДППМНЕ би гласале 21,5%, додека за СДСМ само 13,9% од граѓаните.

Според анкетата, 18,3 проценти од испитаниците не знаеле за кого ќе гласаат на следните избори, додека 8,5% од испитаните граѓани одбиле да одговорат.

Според изјаснувањето на граѓаните, ова е редоследот на партиите:

ВМРО-ДПМНЕ 21,5%

СДСМ 13,9%

ДУИ 6,2%

Алијанса 3,4%

Беса 3,6%

Левица 2,9%

Максим Димитриевски 1,7%

Не знам 18,3%

Одбивам одговор 8,5%

На прашањето каде се движи државата дури 56% од испитаниците одговориле дека таа оди во погрешна насока, додека само 11 проценти сметаат дека Македонија се движи во правилна насока.

56% во погрешна насока

11% правилна насока

Теренската анкета е направена од страна на НДИ на 1.003 испитаници во периодот од 13 до 24 април.