Во еден ист ден претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски со свои изјави станаа еклатантни примери за политичка проституција на домашната политичка сцена од најдолен вид, каква што одамна не сме виделе на нашите простори. Не дека до сега немало слични примери, но нивното политичко проституирање станува еклатантен пример за тоа како едни исти носители на највисоките државни функции можат преку ноќ да го достигнат политичкото дно! И од ситни продадени души да се обидат да ни се претстават како големи душегрижници за македонското национално дело, иако претходно сите поинаку мислечките и критични расположени општественици кон бугарската шовинистичка и хегемонистичка политика ги прогласуваа за најголеми непријатели на државата и противници на евроатлантските аспирации на Република Македонија!

Претседателот Стево Пендаровски, кој вчера учествуваше на лидерскиот состанок во организација на Белградскиот центар за безбедносна политика, насловен „Руската агресија врз Украина: Нов моментум за проширувањето на EУ?“, меѓу другото потсети дека пред две и пол години Бугарија почна да изнесува барања кои немаат никаква допирна точка со ЕУ критериумите.

-Започнаа да зборуваат за македонскиот етнички идентитет, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека во периодот од 1941 до 1944 тие биле администратори, а не окупатори и сето тоа беше во писмена форма дисеминирано до сите амбасадори. Таков тип на историски ревизионизам е апсолутно недозволив во секоја сериозна дискусија, изјави тој, додавајќи дека тоа не ѝ прилега на една земја членка на ЕУ.

И ова е само делумно точно. Зашто, целиот бугарски политички наратив е содржан во бошурата „Бугарската политика кон Република Македонија“, што е подготвен уште во 2007/2008 година, и нејзината содржина е речиси копирана во Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, што политичката елита на СДСМ и ДУИ од позиција на власт беспоговорно го прифатија и потпишаа, наспроти сите укажувања за неговата асиметричност и штетност за македонскиот идентитет, јазик и историја.

Пендаровски сега, дури шест години по потпишувањето на Договорот го гледа бугарскиот историски ревизионизам, што значи дека до сега свесно молчел за сите штетни последици. И кога му доаѓа времето за реизбор, одеднаш се става во својата професорска улога за да ни држи стари предавања! Бедно и срамно!

А, што правеше пред две и пол години, како што самиот ја одредува временската дистанца? Молчеше! Да потсетиме, тоа е време кога премиер беше Зоран Заев и кога бившиот претседател, премиер и еден од основачите на СДСМ, Бранко Црвенковски, преку отворено писмо побара партиското членство да се дистанцира од ставовите на Заев.

 

Што правеше Пендаровски кога на маса беше ставен т.н. француски, а во суштина бугарски предлог? Прво не лажеше дека не се преговара за него, за потоа да се курчи дека тој бил еден од директните преговарачи. А, во што се разликува т.н. француски предлог од Договорот со Бугарија? Во ништо, само што ни наметна дополнителни обврски од кои ни сега, ни во иднина нема да можеме глава да кренеме. Е, Стево, Стево, каде ќе ти оди душата?!

Премиерот Димитар Ковачевски на генералната дебата „Обединети за Европа“ на самиот на Советот на Европа во Рејкјавик како целосно неосновани ги оцени обвинувањата од страна на претставникот на Бугарија за непочитување на правата на македонските Бугари.

-Дискурсот кој се користи од Бугарија кон Македонија, за жал, е многу сличен на дискурсот кој Руската Федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели, особено во овој клучен период за иднината на Европа, ќе изјави меѓу другото Ковачевски.

Ваквата реторика на премиерот намесник доаѓа со задоцнување од најмалку15 месеци. Русија ја нападна Украина на 24 февруари минатата година и од тогаш поистоветувањето на постапките на Бугарија кон Македонија со оние на Русија кон Украина стана речиси секојдневие, особено во домашните медиуми. И сега не се знае од каде му произлегува овој чист плагијат, дали од медиумите или од политичарите од опозицијата.

Но, суштината не е во плагијатот

Суштината е во истите прашања, што му се поставуваат на претседателот Пендаровски, на кои треба и премиерот намесник да даде одговори. Навистина, каде беше до сега Таче во поглед на политиката кон Бугарија? И тој не лажеше за т.н. француски предлог, не убедува дека уставните промени се добри и не се страшни, ама за тоа не нуди никакви анализи, туку скапо плаќа свои попагандисти за да не се крева многу прашина.

Официјална Софија „не дупи“ во здрав разум цели шест години, шест години си поигрува со нашето основно човечко достоинство, не негира во секој поглед, ама Таче наш, како добро дресирана пудлица, само ги крева предните ноџиња и со нив се радува на слатките зборови на европските бирократи. Исто како Пендаровски, бедно и срамно! Е, Таче, Таче, и тебе каде ќе ти оди душата?!

И за сето ова не се виновни ниту Македонците, ниту опозицијата. Виновни се двете врвни личности, кои политичката поддршка од надвор ја сфаќаат како обични политички корисни идиоти! Притоа мислејќи исклучиво на своите, а не на националните интереси.