Едно лице загинало, а друго е повредено во пукање во фабрика на „Мерцедес Бенц“ во јужна Германија.
Спасувачите се на местото на настанот во фабриката која ја склопува „S“ класата.
Според извештаите на германските весници кои се повикуваат на полицијата, осомничениот бил приведен по пукањето во фабриката.
Мотивот за пукањето останува нејасен, пишуваат германските медиуми.
Полицијата претходно на Твитер потврди дека во тек е операција во фабриката, но не спомна жртви.
Од „Мерцедес“ потврдија дека имало инцидент во фабриката и дека се во контакт со надлежните, без да дадат посебни детали.
Comments are closed for this post.