Изборите во Бугарија завршија така како што завршија. Очекувано, ниту ниту една партија не освои мнозинство. Тенка предност има ГЕРБ на Бојко Борисов пред Кирил Петков. И на едниот и на другиот ќе му треба коалициски партнер за да состави влада.
Трета партија е „ Възраждане“ односно „Преродба“ на контоверзниот Костадин Костадинов. Лидерот кој има исто име и презиме како градоначалникот на Струмица е еден од најголемите радикали во Бугарија познат по антимакедонските ставови.
Тој на отворањето на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје рече Македонија е втора бугарска држава и оти македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот.
Партијата „Преродба“ или на бугарски „Възраждане“ важи за проруска и антимакедонска, антиромска и е против мигрантите.
Comments are closed for this post.