Уругвајската полиција во рамките на акцијата наречена „Виртус“ заплени повеќе од 400 килограми кокаин, а меѓу другите уапси и двајца државјани на Црна Гора.
Дрогата пристигнала од Боливија и била наменета за Европа.Операцијата вклучувала рации во Монтевидео, Сан Хозе и Рио Негро, а во оваа организација беа вклучени 18 лица од различни националности. Во моментов, 15 се уапсени, од кои многумина се странци.
Меѓу 15-те уапсени има и двајца црногорски државјани кои се осомничени дека се членови на балканскиот клан, кој е голема мрежа на организиран криминал што дејствува во Европа, составена од државјани на Србија, Црна Гора и Хрватска. Одземената дрога е проценета на пазарната вредност од околу 15 милиони евра
Comments are closed for this post.