Европскиот парламент денес ги изгласа реформите на авторските права откако претходниот предлог беше вратен на доработка и му беа поднесеени 200 амандмани. Така, денес со 438 гласови „за“ и 226 „против“ почнува процесот наречен „тројни преговори“ меѓу ЕП, Европската комисија и Советот на Европа за авторските права на интернет.
Во иднина платформи како Гугл, ЈуТјуб или Фејсбук ќе треба да ги исплаќаат авторите за пренесување на нивните дела или на медиуми доколку нивниот производ е ставен за симнување. Доколку тоа не го почитуваат тие ќе подлежат на казни.
Критичарите на Уредбата сметаат дека најспорни се членовите 11 и 13 кои утврдуваат помошни авторски права, односно воведуваат „данок на линкови“, а од давателите на интернет услуги бараат да ги проверуваат и да ги шират авторските права и пред тие да бидат објавени. Според критичарите, станува збор за заострување на контролата на интернетот.
Меѓутоа поборниците на Уредбата, велат дека гиганти како Гугл, Јаху или Фејсбук ќе мораат да плаќаат надомест за објавување туѓи дела и вести од кои поприлично заработуваат. Конкретно според членот 11 се предвидува на новинските издавачи, на музичари и на други креатори чесно да им се плати за користење на нивните оригинални содржини.
Меѓу поддржувачите на Уредбата најгласни беа сер Пол Макартни, Пласидо Доминго и Џејмс Блант.
Comments are closed for this post.