Евгениј Пригожин, основачот на озлогласената руска платеничка група „Вагнер“, објави фотографија на социјалните мрежи на која тврди дека прикажува десетици мртви Вагнерити, кои наводно исчезнале на 21 февруари.
„Не ни испратија муниција. Уште не ни ја даваат. Сега е 10 часот наутро, 22 февруари. Не презедоа никакви чекори да ни набават муниција“, објави Пригожин со фотографија од загинатите платеници на Вагнер.
„Објавувам фотографија, тоа е едно од местата каде што ги собираме мртвите. Ова се момците кои загинаа вчера од таканаречениот мунициски глад“-рече Пригожин,
а потоа додаде: „Можеше да биде пет пати помалку. Толку многу мајки, жени и деца ќе ги добијат своите тела“.
Comments are closed for this post.