Премиерот Ковачевски во интервју за МИА беше прашан дали има сознанија дека опозицијата е подготвена да седнете и да се договорите или пак едноставно е блокада на целиот процес и како ќе обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени доколку не наиде на подготвеност за разговори?
– ВМРО-ДПМНЕ за жал, две години е политичка партија која ги блокира сите процеси во Собранието, тоа го прави од причина што смета дека на таков начин ќе добие политички поени, бидејќи колку е полошо за државата и за другите, толку е подобро за нив. Тоа е нивната политичка проценка. Доколку го погледнете носењето на законите во Собранието, изборот на уставни судии итн, тоа личи на се освен на политичка дебата во Собрание. Јас лично сум дел од дебатите во Собранието, каде што освен лични квалификации, па дури и за членови на семејство, едни ниски напади, не можете да чуете ништо подобро.
Од друга страна, уште на почетокот на скринингот до ВМРО-ДПМНЕ беше упатена покана да дадат свои експерти кои ќе учествуваат во преговарачките тимови кои се организираат од страна на Секретеријатот за европски прашања, предводени од вицепремиерот Маричиќ и како така да бидат вклучени во процесот на преговори. Процесот на преговори е процес кој се води еднаш и којшто завршува еднаш со членство во ЕУ. Тоа не е процес ниту на еден човек, ниту на една политичка партија, ниту на една Влада. Тоа е процес којшто ќе продолжи во текот на наредните, според наши проценки и според целта која сме ја задале во наредните 8 години, до 2030 година за да станеме членка на ЕУ.
Comments are closed for this post.