Правниот тим на Бојан Јовановски попознат како Боки 13 информира дека по скандалот за фалсификуваното решение од Кривичниот суд по наредба од претседателот Иван Џолев со кое во предканцерогена состојба и видно влошена здравствена состојба која не може да се третира во затвор, го врати Бојан Јовановски познат како Боки 13 во „Идризово“, осудениот испрати барање за вонреден надзор и контрола од страна на Судскиот совет.

Јовановски извести дека бара и вонреден надзор на АКМИС-системот бидејќи АКМИС-от е злоупотребен.

„Бара ревизија и на сите судски решенија за прекин на казната.Целата жалба која е доставена до Судскиот совет, во прилог на овој е-маил, заедно со документот со приемен печат.Потсетуваме дека Јовановски веќе алармираше дека е мета на невидена и незапаметена тортура, која исто така, влијае на неговото здравје. Враќањето на Јовановски во пенални услови и во ваква здравствена состојба не претставува само грубо кршење на неговите права, туку и опасност за неговиот живот.Јовановски очекува тортурата кон него да биде поинтензивна и поради сите јавни објави. Ја повикуваме јавноста будно да го следи процесот кој тој го иницираше“, се вели во соопштението.