Се сумираат настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија. Последните податоци кажуваат дека од над 300 жртви повеќето се од Сирија.

639 се повредени во Сирија по силниот земјотрес.

 

Сириското Министерство за одбрана објави дека ги мобилизира сите свои единици во сите провинции за да им пружи итна помош на жителите погодени од земјотресот, да бараат луѓе затрупани под урнатините и да ги лекуваат повредените.

Белите шлемови, познати и како сириска цивилна одбрана, го прогласија северозападниот дел на Сирија за „област на катастрофа“.