На српскиот државјанин Дејан Петковиќ, член на меѓународната банка на разбојници „Пинк Пантер“, Апелациониот суд на Додеканез му ја намали казната за две години затвор и го осуди на седум години затвор за грабеж на накит и луксузни часовници чија вредност е повеќе од 3,5 милиони евра.
Казната му била намалена за две години бидејќи ги признал делата, но и поради тоа што немал претходни осуди.
Во текот на судскиот процес сведочеше и брачна двојка, сопственици на една од златарниците во која во грабежот учествувал српски државјанин и од кој е одземен накит вреден 1,5 милиони евра.
Тие изјавија дека покрај финансиската штета, грабежот им предизвикал и здравствени проблеми.
Тие кажаа дека неколку мажи ја посетиле златарницата и дека лажно се претставувале како муштерии, како и дека подоцна сфатиле дека два дена пред грабежот со креда обележале место на ролетните, каде потоа упаднале.
Comments are closed for this post.