Францускиот веник „Неделни новини“  објави  за грабеж во станот на високиот судија за злосторства на ОВК, на почетокот на јануари во Париз, Оваа вест ја сподели  директорот на Дирекцијата за соработка со дијаспората и Србите во регионот, Арнауд Гајон.

Гајон на Твитер објави дека весникот наведува дека во станот влегле професионалци и дека извадиле само лаптоп кој содржи многу чувствителни податоци за тековните судски постапки.

Накитот и другите предмети се недопрени. Сличен грабеж неодамна се случи и во Брисел, каде што беше украден компјутер од судија на истиот специјален суд за злосторства на ОВК, но засега овие два случаи не се поврзани. Весникот потсетува дека за време на војната во Косово загинале околу 13.000 луѓе и дека во моментов поранешниот шеф на албанската паравоена формација ОВК, Хашим Тачи, е обвинет за убиство и тортура – додаде Гујон.