Впечатокот на членството на ДУИ е дека Груби е клан, а Ахмети негов заштитник, вели Изет Меџити во интервју за РСЕ ”
Во врска со односите внатре во партијата и кој е изворот на нивното незадоволство, тој го потенцира недостатокот на дебата и отчетност во ДУИ
Впечатокот на членството е дека Груби функционира како клан, и Ахмети е како заштитник на тој клан, вели потпреседателот на ДУИ и пратеник во Собранието, Изет Меџити во интервју за Радио Слободна Европа.
Меџети е еден од најекспонираните членови на групата која бара промени во партијата и смена на министри во Владата од редовите на ДУИ, пред се на првиот вицепремиер, Артан Груби, што тој и отворено го потенцира во интервјуто.
За него, но и за министерот за надворешни работи, Бујар Османи, тој вели дека биле „последните војници“ на поранешниот премиер, Никола Груевски.
„Во принцип мора да кажеме и во некои случаи да спомнеме некои имиња. Првиот е Артан Груби. Владиниот состав на ДУИ, со некој исклучок ниту излезе на терен да собира гласови во 2020, ниту имаат поминато да земат мандат од народот, исто така овој владин состав не е поминат на централно собрание во Демократската унија за интеграција, значи немаат мандат од граѓаните, немаат мандат од партијата. Ние за атар на Али Ахмети, нашиот претседател премолчавме овие две години…Проблемот е во тоа што во овие две години наместо (Артан Груби н.з.) да биде чувар на ориентационите политики на ДУИ и програмата на ДУИ, ние доаѓаме до констатација дека програмата со која сме ги добиле овие избори е заборавена и имам чувство дека е заборавен Рамковниот договор или дека е трампан за мултикултурализам или пак за граѓанско општество. Чудно е што од многу близок до поранешната влада на Груевски, сега испаѓа дека е многу близок до концептот и на оваа Влада, а заборава на тоа што е устав за Демократската унија за интеграција, а тоа е Рамковниот договор, вели пратеникот.
Во врска со односите внатре во партијата и кој е изворот на нивното незадоволство, тој го потенцира недостатокот на дебата и отчетност во ДУИ.
„Три години немаше партиски тела, едвај успеавме да се убедиме да се формираат тие тела. Се формира новото претседателство, имаше два состанокана кои дебатиравме на овие теми, и кога требаше да се одржи и третиот за да се донесат заклучоци во врска со отчетот на владиниот состав на ДУИ, за сработеното, за програмата, за се она што дискутиравме ни кажаа дека нема да има претседателство, значи пак нема партиски тела, нема дебата, нема анализа, нема отчет. Ова се европски вредности на секоја европска партија и да претендираш да придонесеш Република Македонија да биде дел од Европската Унија, а во партијата да нема партиски тела и да нема дебата е контрадикторно. Нашата цел е да се исправиме, пред да се исправи народот“, вели Меџити.
За позицијата на лидерот Али Ахмети, потпретседателот на ДУИ вели дека тој е неприкосновен и дека тука нема никакви дилеми, додавајќи дека ако некој сака целата ситуација да ја прикаже како политичка војна меѓу нивната група и Ахмети нема да успее.
„Тој е лидер, претседател на партијата и ние со сите овие чекори сакаме пак да го вратиме да биде претседател на сите во партијата. Тој да биде претседател на партијата, а не да фати страна. Во случајот впечатокот на членството е дека Груби функционира како клан, и Ахмет е како заштитник на тој клан. Мислам дека треба да се врати на првобитната позиција претседател на Демократската унија за интеграција, неприкосновен на сите, како што функционирал во минатото, и кога имало поделби во размислувањата тој бил оној што на крај ги седнувал, пресекувал, никогаш не фатил страна. Во случај кога ќе фати страна, тоа не личи на претседателот или на таткото во партијата, а не сакам во никој случај така да го гледам Али Ахмети“, потенцира Меџити.
На прашењето зошто групата е против проширување на владината коалција со Алијанса за Албанците, Меџити вели дека прво не држи аргументот дека се потребни повеќе пратеници за уставни измени, бидејќи и со Алијанса не се стигнува до потребното двотретинско мнозинство. Второ, вели тој, тенденцијата за влез на Алијанса во Владата е да се замолчат „огнените“, како и членови на други партии „за тесни политички интереси, но во никоја случај за стратешка агенда“.
За односите со ВМРО-ДПМНЕ, и дали очекува дел од нивните пратеници да гласаат за уставните измени, Меџити со краток одговор:
„Прво да ги средиме работите внатре, после може да ги убедиме другите. Во овие околности, со што ќе ги убедиме нив“? Вели тој.
Comments are closed for this post.