Народната банка на Србија (НБС) објави дека и покрај зголемената глобална неизвесност, Србија минатата година забележа рекорден прилив на странски директни инвестиции.
Од почетокот на јануари, заклучно со 10 декември, приливот на странски директни инвестиции изнесува 4,1 милијарди евра, така што извесно е дека ќе имаме нов рекорд во 2022 година, наведуваат од НБС.
Според податоците на централната банка, во текот на првата половина од минатата година приливот на директни инвестиции од земјите на ЕУ изнесува 401 милион евра или 29,4 отсто од вкупниот износ на странски инвестиции, додека земјите-членки на унијата инвестирале 1,762 милијарди евра во Србија во 2021 година, што претставува 45,6 отсто од вкупните странски инвестиции.
Забележано е дека во текот на март и април 2022 година, поради ескалацијата на конфликтот во Украина, приливот на странски директни инвестиции беше привремено забавен, но дека во другиот дел од годината не само што беше компензиран, туку дури и ги надмина првичните проекции направени пред конфликтот во Украина.
Најзначајниот фактор што влијаеше на продолжување на приливот на странски директни инвестиции беше пред се постигнатата и зачуваната макроекономска стабилност и покрај негативните влијанија кои доаѓаат од странство.
Поволната деловна клима, воспоставените договори за слободна трговија со многу земји, како и континуираното инвестирање во развој на инфраструктурата, дополнително придонесоа за континуиран прилив на странски директни инвестиции, посочуваат од НБС.
Се наведува дека, како и во претходните години, приливот на странски директни инвестиции остана диверзифициран и насочен главно кон извозно ориентирани сектори во економијата, благодарение на што српскиот извоз на стоки и услуги од 2015 до 2021 година растеше просечно со двоцифрена годишна стапка.
НБС нагласува дека благодарение на зачувувањето на постоечките и отворањето на нови извозни капацитети во текот на 2021 година, помогна да се зголеми извозот на стоки на Србија во текот на изминатата 2022 година, и покрај негативните надворешни шокови.
Comments are closed for this post.