Одреден и е 30 дневен притвор на малолетната девојка, која го призна убиството на 16-годишното момче од селото Новосело- Желино. Освен девојката, од секторот за внатрешни работи Тетово, рекоа дека бил сослушан уште еден малолетник, но тој потоа бил пуштен дома.
Според информации на телевизија „Алсат“, сега уапсената малолетничка најпрвин со остар алат го удрила сега починатиот 16-годишник, а потоа со завои го врзала за седиштето од автомобилот. Исто така, се дознава дека таа се обидела и да го полие момчето со бензин. Момчето, потоа го извлекла од автомобилот и го фрлила стотина метри подолу во коритото на реката Пена. Тетовската полиција се сомнева во вмешаност на трето лице во стравотниот настан, за кој истрагата продолжува.
Comments are closed for this post.