Бугарскиот пратеник Костадин Костадинов кој вчера ни порача дека Македонците и Бугарите се едно исто е контроверзна политичка фигура кај источниот сосед.
Партијата „Преродба“ или на бугарски „Възраждане“ важи за проруска и антимакедонска, антиромска и е против мигрантите.
Тој минатата година се пофали дека илегално влегол во Македонија и оставил бугарско знаме на тромеѓето на „двете бугарски држави и Грција“.
„Македонија е втората бугарска држава на Балканскиот Полуостров и Преродба работи на обединување на двете бугарски државни формации во една заедничка држава. Патот до ова обединување е целосна економска, културна и политичка интеграција, што ќе доведе до обновување на нарушеното единство на бугарската нација и ќе ја направи Бугарија најголема и најсилна земја во Југоисточна Европа“, пишува во програмата на Преродба .
За Костадинов отворањето на македонскиот клуб во Благоевград било провокација но не и фашистичките клубови во Охрид и Битола.
Comments are closed for this post.