Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар синоќа го совлада Железничар од Сараево со 2:0 во ревијален натпревар со кој беше прославен јубилејот – 75 години од формирањето на клубот.
Воедно, навивачите на „црвено-црните“, Комити прославија 35-години од формирањето.
Головите на Националната арена „Тодор Проески“ ги постигнаа Филип Јаневски во 45. и Ерен Парталко во 72.минута.
Двата јубилеја поминаа во знак на кореографското и пиротехничкото шоу што ги приредија Комитите
Comments are closed for this post.