Фудбалерите на Англија ја совладаа попладнево репрезентацијата на Иран со 6-2 (3-0) во воведниот натпревар во групата Б на вториот ден од Светското првенство во Катар.
Англичаните доминираа во натпреварот од самиот почеток, а го скршија отпорот на противникот во 35. минута кога Џад Белингам со прецизен удар со глава го отвори резултатот.
До крајот на полувремето Англија дојде до убедлива предност со головите на Букајо Сака (43) и Рахим Стерлинг (45+1).
Првото полувреме беше продолжено за 14 минути поради повреда на главата на иранскиот голман Алиреза Беиранванд, кој мораше да биде заменет.
Comments are closed for this post.