Италијанската патека Монца ја прославува 100-годишнината на фирмата за заштита на автомобилски брендови – „Стелантис херитиџ“, со специјална комеморација на „фиќото“ којшто постави голем број рекорди на ова легендарно место и ја популаризираше марката „Абарт“.
„Абарт класиче 500 рекорд Монца ’58“ е специјален автомобил заснован на „Фиат 500“ од 1970 година, но приспособен за да изгледа како првиот модел модифициран од „Абарт“, којшто собори шест рекорди за брзина и издржливост во февруари 1958., на старата конфигурација на патеката. Новиот автомобил е обоен во зелено, има предна решетка и лого на „Абарт“, карбонска шасија позајмена од спортскиот „Алфа Ромео 4Ц“, фарови и цврста покривна плоча којашто го заменува платнениот покрив. Сепак, репликата е доста убедлива, внатре со волан од дрво, посовремена контролната табла, а поставено е само едно спортско седиште.
Позади има двоцилиндричен мотор со работна зафатнина зголемена на 595 кубика, што развива повеќе од 18 коњски сили и брзина над 98 км/ч, а е блиску до 26 КС и 118 км/ч постигнати од рекордерот од 1958 година.
Новиот автомобил е изложен на саемот „Автокласика“ во Милано, Италија. „Абарт“ ќе произведе вкупно шест примероци
Comments are closed for this post.