Работник е тешко повреден кога при извршување работни задачи во приватна фирма во Кочани една од машините му ја повлекла раката. Несреќата се случила синоќа кога 61-годишниот кочанчанец Б.Г. побарал помош од Итната медицинска помош од Кочани.
По укажаната лекарска помош во општа болница Кочани, работникот бил препратен на КАРИЛ при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани и државен инспектор за труд и безбедност при работа.
Се работи на расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.