Португалскиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, отворено зборуваше за статусот во клубот од Олд Трафорд, холандскиот тренер Тен Хејг, прозивките на неговиот поранешен соиграч и многу други теми.
Роналдо во ексклузивно интервју во емисијата „Без цензура“ реши да си ја отвори душата.
Тој призна дека се чувствува како црна овца во Јунајтед и чувствува дека е предаден од клубот.
„Не е само тренерот, туку и другите двајца, тројца момци околу клубот“, рече Роналдо, а потоа го зеде на нишан Холанѓанецот Тен Хаг.
„Не го почитувам затоа што не покажува почит кон мене. Ако вие немате почит кон мене, јас никогаш нема да имам почит кон вас“, јасен е Кристијано.
Новинарот Пирс Морган го праша Португалецот дали мисли дека челниците на Јунајтед се обидуваат да го натераат да го напушти клубот.
„Искрено, не треба да го кажам тоа. Не знам… Но слушај, не ми е гајле. Луѓето треба да ја слушнат вистината. Да, се чувствувам изневерено и се чувствувам како некои луѓе не ме сакаат тука, не само годинава, туку и лани“, изјави Португалецот.
Роналдо се осврна и на критиките на неговиот поранешен соиграч Вејн Руни.
“Не знам зошто толку жестоко ме критикува. Веројатно затоа што ја заврши кариерата, а јас се уште играм на високо ниво. Нема да кажам дека изгледам подобро од него. Што е вистина”, изјави Португалецот со насмевка.
Роналдо истакнува дека Јунајтед се уште е во неговото срце, но дека клубот очигледно оди на погрешен пат.
„Го сакам Манчестер Јунајтед, ги сакам навивачите, тие се секогаш на моја страна. Но, ако сакаат да променат, мора да променат многу, многу работи“.Некогаш треба да уништиш нешто за да го изградиш повторно и ако почнат од мене, не ми е проблем“, изјави познатиот ас.
Comments are closed for this post.