Министерството за внатрешни работи неодамна се пофали дека ја реновирала полициската станица во Групчин. На свеченоста присуствуваше и министерот Спасовски кој нагласи дека вработените сега имаат нормални услови за работа.
Но, радоста не траеше долго. Се појавија фотографии на кои се гледа дека таванот на една од просториите е срушен и висат кабли и сијалици. Наместо плафон се гледа една голема дупка на средината од собата.
Comments are closed for this post.