Силно и одлучно кон иднината, господине заменски премиер, сигурно не е планот за затворање на РЕК Битола и РЕК Осломеј, сигурно не е оставањето на улица на илјадници граѓани и директен и неизбежен економски колапс на Битола и битолчани. Одговорете им на битолчани зошто сте се обрзале со потпишувањето на кредитот од 100 милиони евра, дека до крајот на 2023 година ќе го затворите Осломеј, а до крајот на 2027 ќе го затворите и РЕК Битола.
Ова денеска од премиерот Димитар Ковачевски го побара Горан Исаков, потпретседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.
Свесни сте, му порача тој, дека тоа директно значи 4 илјади луѓе без леб, а уште дури четириесеттина илјади луѓе сериозно ќе бидат економски загрозени.
Силно и одлучно кон иднината господине заменски премиер, на Битола и должите одговори за двојното повисоката електрична енергија што ќе ја плаќаат граѓаните оваа зима, и за енормно зголемените цени на нафтените деривати. Битолчани, повеќе од пет години, го чекаат ветуваниот пат Битола – Меџитлија, за коj пред многу кратко време, се пофали несреќно и вашиот нов претседател на општинската организација. Силно и одлучно кон иднината господине заменски премиер, е вашата навика за цело страшно владеење на СДС најмалку четири пати да ги менувате и санирате филтрите на РЕК Битола. Да го носите цело време образованието и здравството во провалија. Да ги носите граѓаните дефинитивно на работ на основната гола животна егзистенција. Да им го уништувате постојано националното достоинство. Заменски премиере, очекуваме вечерва во Битола да им објасните на битолчани за аферата „Тајни имоти“, аферата „Броила“, за криминалот, за мафијата со марихуаната, за поделбата на пазарот на електрична енерија. И така, вечерва доаѓате, убаво е на земјоделците да им објасните зошто сеуште не ги добиле субвенциите? Зошто директно и вулгарно како централна власт се вмешувате во ингеренциите на локалната власт, водени од чисто партиски интереси? Во градот каде со векови се спојувале Истокот и Западот, градот со повеќе од 14 вековна урбана традиција исто така должите објаснување за понудата и планот културата да биде забавна категорија. Господине, заменски премиер, вашиот пат, единствено силно и одлучно кон иднината е вашето што поскоро заминување во опозиција, порача Исаков.
Comments are closed for this post.