Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска „мораше“ да дојде во Собрание, бидејќи без него, коалицијата на СДСМ и ДУИ нема да има мнозинство во Собранието за да го изгласа дневниот ред.
„Главниот“ пратеник од колегите беше пречкан со овации и воодушевување имајќи предвид дека тој со своето присуство ретко ги чести своите колеги во Собранието. Доаѓа само тогаш кога од него зависи мнозинството во Собранието. А тоа денеска е неопходно.
Денеска треба да се одржи собраниска седница на која власта сака да протурка уште 6 месеци кризна состојба во енергетиката за да може без поголема контрола да троши средства при набавка на струја.
Центарот за граѓански комуникации во вчерашната анализа објави дека најголемиот дел од јавните набавки кои се спроведувале без тендер (популарно наречени набавки во 4 очи) биле токму оние за набавка на електрична енергија.
Али Ахмети мораше да дојде во Собрание, без него мнозинството немаше да обезбеди кворум
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.