Премиерот Зоран Заев најави дека до крајот на годинава е можна смена на некои министри. Околу тоа дали може да се очекува и реконструкција на Влада, тој вели дека во време на сериозни парламентарни процеси за тоа не размислуваат.
Ако некој министер не доаѓа во Владата, логично е дека треба Владата да седне, да размисли, тоа да се промени. Тоа е редот на работите. Секако разговараме со коалициските партнери, кои споделиле одговорност со нас и во делот на другите ресори, рече Заев.
Во јавноста веќе подолго време се зборува дека вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика од мај не се појавува на владини седници.
Неофицијално, причината е поради кавга со лидерот на ДУИ. Според информациите кои кружат во јавноста наводно во една внатрепартиска битка Ахмети не го поддржал Лика, туку застанал на страната на друг висок партиски функционер.
Лика не присуствуваше и на одбележувањето на 17-годишнината од Рамковниот договор .
Comments are closed for this post.