За животот на Јован Вукотиќ во Атина би можело да се сними филм, коментираат грчките медиуми. Тие откриваат дека тој живеел луксузно и имал прекар Иван Порше.
– Живееше раскошно и потроши десетици илјади евра. Се претставуваше како Иван, бизнисмен кој има сериозни фирми во Швајцарија и Хрватска, но и канцеларии во други земји, кои често ги посетувал. Возел само нови, скапи автомобили, поради што во Атина го викааа Иван Порше. Живееше исклучиво во луксузни вили, од кои ниту една не беше помала од 500 квадратни метри, а секоја имаше и базен.Избегнуваше места каде се собираат сонародници за да не го го препознаат- објавија грчките портали.
Кога се преселил во Атина, српскиот Ескопар, како што го нарекувале и Јован Вукотиќ, барал луксузна недвижност, која сакал и да ја изнајми, но и да ја купи. Наводно, тој се сретнал со познат биолог од Глифада во кафеана каде често седел и пиел. Токму тој, верувајќи дека Вукотиќ е богат бизнисмен, му помогнал да најде агенти за недвижнини. Тој наводно му помогнал да најде стан во одморалиштето Варкиза, каде што бил пронајден кокаинот.
Comments are closed for this post.