Дваесет и двегодишен кавадарчанец изутринава изгубил контрола над возилото што го управувал со кавадаречки регистарски ознаки и удрил во бетонска бандера, во кавадаречко Глишиќ.

При несреќата, тој се здобил со лесни телесни повреди.

Информација за МИА ја потврди, портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев.