Синоќа на плоштадот во Автокоманда се оддржа голем музички настан во чест на 8ми Септември, Денот на независноста на Македонија.
Настанот беше во покровителство на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.
На настанот настапиа: Некст Тајм, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Влатко Миладиновски.
За настанот, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Моја Гази Баба, Ви благодарам од срце.
Повеќе од 5000 граѓани на плоштадот во Автокоманда порачаа:Ние сме Македонци и нашата татковина е Република Македонија.
Нека е вековита самостојна, суверена и независна Македонија. – напиша Стефковски.
Comments are closed for this post.