Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната комисиска расправа побара од власта, кога веќе тргнала со промена на името да се донесе еден нацрт амадман со кој ќе се заштитиме доколку Грција од било кои причини не го изгласа договорот од Преспа.

Потценувачки е самите да си го смениме уставното име. Затоа предлагам со еден амадман да се заштитите доколку Грција не го ратификува Договорот. Не можеме да зависиме од друга држава. Во Грција може да се се случат многу работи. По изгласувањето на Уставот ќе се доведеме да живееме во држава каква што не ја познаваме – изјави Мицевски.

Реплицирајќи му на заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, Мицевски истакна дека референдумот не бил бојкотиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Референдумот не го бојкотираше ВМРО- ДПМНЕ туку го бојкотираа граѓаните на Република Македонија. Пратеници од ВМРО- ДПМНЕ гласаа на референдумот – реплицираше Мицецски.