Денис Хоф, сопственик на јавни куќи и ѕвезда од реално шоу, од Невада, кој почина минатиот месец, победи на изборите за Конгресот во оваа земја. Хоф, кој се тркаше како републиканец ја порази противничката Лесли Романов, со повеќе од 7.000 гласови, соопштија од неговиот кабинет.
Тој на 6 октомври пронајден е мртов по прославата на неговиот 72 роденден на еден од неговите имоти. Причината за смртта се уште не е позната.
Денис Хоф, ѕвездата на ХБО, беше прогласен за „Трамп од Паксрамп“ (град во Невада), заради сличностите со американскиот претседател.
Comments are closed for this post.