Главниот град на Индија, Њу Делхи, беше „проголтан“ од смог и чад поради активностите за време на прославата на хиндуистичкиот празник Дивали. Овој празник, десетици илјади Индијци го одбележуваат со масовно палење петарди.
Поради таа појава, нивото на ситни честички во воздухот, од 200 за само еден ден се зголемило за трипати, односно се искачило на 681 честичка, количество што 20 пати поголомо од тоа што Светската здравствена организација го смета за безбедно.
Индиските власти се обидоа да ја намалат прашината со миење на улиците во многу квартови и со наредба да се покријат градежните локации. Во главниот град затворени се и електраните на јаглен. Министерството за сообраќај, проверува дали автобусите што влегуваат во градот ги имаат адекватните документи за издувни гасови, а владата донесе забрана за влез на возила во Њу Делхи од осми до 10 ноември за да се контролира нивото на загаденостВлез во градот ќе им биде дозволен само на камионите што доставуваат храна.
За време на празникот, училиштата се затворени, па многу деца останале дома за да го избегнат загадувањето.
Според индискиот институт за тропска метеорологија соопштија дека се очекува засилениот ветер да го разреди загадувањето за два до три дена.
Comments are closed for this post.