Зголемен е бројот на починати и приклучени на апарати, а намален бројот на нови случаи на Ковид-19 во Грција во изминатите седум дена, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Во периодот од 18 до 24 јули, регистрирани се 136.077 случаи на Ковид-19 (девет отсто помалку од претходната седмица), од вкупно 878.882 направени тестови со стапка на позитивност 15,56 отсто, а 19 отсто од случаите се реинфекции.
За една седмица почина 271 лице, 71 или десет отсто повеќе од пред една седмица.
Во грчките болници во конкретниот период биле примени 2.793, а отпуштени 2.178 пациенти, додека пак вкупно 132 лица се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници, 17 повеќе споредбено со една седмица претходно.
Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 4.349.423 случаи на Ковид-19, а починаа 30.999 лица
Comments are closed for this post.