Штетноста од Договорот за добрососедство и посебно делот со заедничка комисија за историјата и за учебниците ги дава резултатите. Контроверзниот европратеник Андреј Ковачев му порача на претседателот Стево Пендаровски дека браќата Миладиновци се Бугари, откако шефот на државата ја посети Спомен-куќата на славните преродбеници во Струга.
-Миладинови се Бугари, а наскоро протоколот ќе си произведува хоризонтални обврски на Македонија кон Бугарија, кои ќе мора да се исполнат како составен дел од преговорите со ЕУ, му порача Ковачев на Пендаровски.
Oткако власта со францускиот предлог прифати Договорот за добрососедство да стане дел од преговарачката рамка се почесто ќе гледаме вакви изјави.Едноставно, Македонија нема да може да се повикува на ниту една историска личност и настан до 1944 година. Во спротивно ќе следува вето и така до недоглед.
Comments are closed for this post.