Само што почна, комисијаа за уставни прашања е прекната. Причина за тоа е барањето на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, да се обезбеди директен пренос на Собранискиот канал.
Оваа комисија е исклучително важна бидејќи сме во процес на уставни измени и македонската јавност треба да ја следи дебатата на комисијата – изјави Мицевски.
Претседателот на комисијата Талат Џафери, на тоа одговори дека со самото присуство на медиумите јавноста е запознаена, но сепак, даде еден час пауза.
Седницата ќе продолжи во 14.30 часот.
На седницата е присутен премиерот Заев и речиси во целост на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како и дел од независните пратеници.
Comments are closed for this post.