По ниту еден основ нема да се чепка државната химна, ниту ќе се вршат интервенции во нејзиниот текст,рече денеска на прес конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Според него АСНОМ останува во Преамбулата на Уставот, и наместо еднаш ќе биде спомнат двапати.

Останува Прогласот на АСНОМ со сите сите донесени одлуки. Во однос на амандманот 35, измените кои ќе бидат напаравени во член 3 се гаранција дека границите на Република Македонија се трајни и непроменливи. Процесот е во Собрание, денеска е расправата во Уставната комисија. Ве упатувам да го следите тој пороцес, изјави Бошњаковски.