Меѓу новите капетани на „кавачкиот клан“ најчесто се споменува името на Никола Вушовиќ -Џони од Врачар. Некои велат и дека е наследник на Вељко Беливук. Според истрагата на српската и грчката полиција Вушовиќ стои зад ликвидацијата во ресторанот во Атина во јануари 2020 година, на Игор Дедовиќ иСтеван Стаматовиќ. Тие беа убиени додека вечераа со сопругите и децата.
Никола Вушовиќ (32), познат по прекарите Џони од Врачар и Лудиот Џони е еден од најбараните криминалци од Србија, е човек чиј живот е опкружен со голема доза на мистерија.
Тој магично исчезна по апсењето во Доминиканската Република во март 2021 година. Побегнал и од болничкиот кревет на Клиничкиот центар на Србија пред 15 години. Моментално никој не знае каде се наоѓа.
Се претпоставува дека е во Црна Гора каде работи за Радоје Звицер.
Comments are closed for this post.